ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
КОНТРОЛОР: ХАУЗ МЕДИА ГРУП ДОО Битола, со седиште на ул. Христо Узунов бр. 21, Битола.
ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ: ХАУЗ МЕДИА ГРУП ДОО Битола, согласно закон има назначено лице - офицер за заштита на лични податоци кое е овластено да постапува во активности и постапки поврзани со обработка и заштита на лични податоци. Офицерот за заштита на личните податоци може да го контактирате преку Електронска е-меил адреса: talevska.sashka@yahoo.com
Платформата hauz.mk е регистрирана и е во сопственост на ХАУЗ МЕДИА ГРУП ДОО Битола, со седиште на ул. Христо Узунов бр. 21, Битола. Во текот на вашите активности и користење на услугите на платформата hauz.mk ги обработуваме вашите лични податоци.
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме вашите кориснички услуги и потреби, согласно нашите законски задачи и овластувања. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија. Со оваа политика на приватност објаснуваме кои лични податоци ги собираме и задржуваме при посета на платформата, на кој начин се чуваат и со кого се споделуваат.
- Личните податоци ќе се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци („законитост, правичност и транспарентност“),
- Личните податоци ќе се собираат за конкретни, јасни и легитимни цели определени во оваа Политика за приватност и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели. Натамошната обработка за цели на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели, во согласност со членот 86 став (1) од Законот, нема да се смета дека не е во согласност со првичните цели за кои се собрани личните податоци („ограничување на целите“),
- Личните податоци ќе бидат соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат („минимален обем на податоци“),
- Личните податоци ќе бидат точни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе ги преземеме сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени („точност“),
- Личните податоци ќе се чуват во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци. Личните податоци може да се чуваат подолго од нивниот рок на чување ако се обработуваат само за целите на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели во согласност со членот 86 став (1) од Законот, а со применување на соодветни технички и организациски мерки согласно со Законот, заради заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци („ограничување на рокот на чување“),
- Личните податоци ќе се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки („интегритет и доверливост“).
Лични податоци што ги собираме и обработуваме во ваше име
- Име и презиме;
- пол;
- адреса на живеење/адреса;
- Датум и место на раѓање;
- Е-mail адреса;
- број на мобилен/фиксен број;
- други лични податоци наведени во Политиката за колачиња достапни на платформата.
Начин на собирање лични податоци
Личните податоци се собираат директно од корисникот, како субјект на лични податоци или од други лица. Ова вклучува:
- Посетители на нашата интернет страна. Обично собираме податоци за навигација и IP адреса, кои се користат за анализа на податоците од посетите на нашата веб-страница и за одржување на информациска сигурност.
- Корисници кои се регистрираат на нашата платформа (или мобилна апликација) со цел користење на нашите услуги.
- При пополнување на формуларот за регистрација или при закажување термин за разгледување на недвижност, обработуваме податоци дадени доброволно од корисникот.
Цел на собирање и обработка на лични податоци
Целите за кои се обработуваат личните податоци вклучуваат:
- Склучување и извршување на договори за давање на услуги кои ги нуди платформата.
- Поврзување на корисникот со регистрирани огласувачи за користење на услугите кои ги нуди платформата.
- Извршување на платежни трансакции.
- Почитување на законските обврски на Друштвото/трговецот.
- Регистрација на кориснички сметки на платформата.
- Одговарање на прашања или барања од корисниците.
- Подобрување на функционалноста на платформата и услугата.
- Испраќање известувања за директен маркетинг.
- Комуникација со корисниците преку e-mail и телефон.
- Можен работен ангажман и контактирање во врска со можен работен ангажман.
- Други цели дефинирани во Политиката за колачиња.
Правен основ за обработка на лични податоци
Личните податоци се обработуваат на различни правни основи, вклучувајќи:
- Согласност од корисникот.
- Извршување на договорните обврски.
- Исполнување на законските обврски согласно одредбите од Законот за заштита на потрошувачите и Законот за облигационите односи.
Период на чување на личните податоци
Личните податоци се чуваат за период кој е во согласност со законските захтеви и потребите за обработка. Специфично:
- Податоците собрани врз основа на закон се чуваат онолку долго колку што е определено со соодветниот закон или други регулативни акти.
- Податоците собрани за исполнување на договорните обврски се чуваат додека трае корисничкиот однос и/или потребата за таа обработка.
- Личните податоци обработени со согласност се чуваат сè додека согласноста не биде повлечена или додека не помине максималниот рок одреден од платформата.
Права на лица во врска со обработката на лични податоци
Субјектите на личните податоци имаат следниве права:
- Право на информирање за обработката на нивните лични податоци.
- Право на пристап до своите лични податоци.
- Право на исправка на неточни или непотполни лични податоци.
- Право на бришење на лични податоци во одредени услови.
- Право на ограничување на обработката.
- Право на преносливост на податоците.
- Право на приговор на обработката.
Постапка во случај на повреда на личните податоци
Во случај на повреда на личните податоци, која може да предизвика висок ризик за правата и слободите на лицата, Друштвото ќе го извести субјектот на лични податоци без непотребно одлагање. Исто така, Друштвото е должно да ја извести Агенцијата за заштита на личните податоци во рок од 72 часа од забележувањето на повредата.
Доверливост на личните податоци и транспарентност
Личните податоци се сметаат за доверливи и се заштитени со соодветни мерки. Достап до личните податоци имаат само оние кои мораат да ги знаат во рамките на своите работни задачи.
Линкови до веб-страници и услуги на трети страни
Нашата платформа може да содржи линкови до други веб-страници чија политика за приватност не е под контрола на Друштвото. Корисниците треба да бидат свесни за ова и да се информираат за политиката за приватност на секоја посетена веб-страница.
Промени на Политиката за приватност
Друштвото го задржува правото да врши измените на Политиката за приватност во секое време. Сите промени ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на платформата, за да можат корисниците секогаш да бидат информирани за начинот на кој се собираат, користат и заштитуваат нивните лични податоци. Се препорачува корисниците редовно да ја проверуваат оваа страница за секоја актуализација или промена на политиката.
Контакт
Доколку имате било какви прашања или потреба од дополнителни информации во врска со обработката на Вашите лични податоци или оваа Политика за приватност, Ве молиме слободно контактирајте не на hauzmediagroup@gmail.com или на talevska.sashka@yahoo.com.